Многу високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени.
Сепак утре и во четврток во попладневните и во вечерните часови на МНОГУ МЕСТА ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Во случај на појава на НЕВРЕМЕ, препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
И во деновите по четврток во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје и околината исто така е можна појава на локално НЕВРЕМЕ, проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Температурите во следните денови ќе се искачуваат до близу 40 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki