ВНИМАВАЈТЕ: ВЛАЖНИОТ И СТУДЕН БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС! ЛОКАЛНО МОЖЕН Е ПОГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ТЕЖОК СНЕГ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД!

Вечерва, како и во текот на претстојната ноќ времето во Македонија ќе се задржи ведро со мала до умерена, понекаде и со позначителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурите до утре изутрина ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде ведро со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, додека температурата до утре изутрина ќе се спушти до околу  до околу -2 степени.

Инаку како што најавивме од утре полека облачноста насекаде ќе се зголемува, и кон крајот на денот и во текот на ноќта и тоа под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и од снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и во недела кога особено на повисоките населени места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела.

Утре максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека од недела истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени. Наутро температурите пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, и тоа особено во почетокот од следната недела, што значи дека истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

И во Скопскиот регион утре полака облачноста ќе се зголемува, и кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат нови врнежо од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Помали услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од Скопската котлина, и тоа особено од недела, кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат до околу 12 степени, додека од недела ќе бележат тенденција на значително опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат до околу 5 до 6 степени, додека наутро истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 1 степен.
НАПОМЕНА: За време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за формирање на снежна покривка ќе има и на некои пониски места. Снегот што ќе врне на некои од местата со помала надморска височина ќе биде влажен и тежок, со што се можни и проблеми. Понекаде можна е и снежна покривка од над 20 сантиметри, особено во западните и во југозападните предели, додека на повисоките и планинските места снежната покривка би можела да изнесува и над 30 сантиметри.