ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА ЌЕ УСЛОВУВА ЧЕСТА ПОЈАВА НА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ! ОД УТРЕ ПОВТОРНО ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ!

објавено на:

07 Јун 2022

од:

сподели:

До самиот крај од оваа недела и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места низ Македонија ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад и најсвежо ќе биде токму во петок, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Потоа од сабота температурите повторно ќе бележат тенденција на постепен пораст.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 30 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]