Ниту во текот на следните денови времето кај нас нема да се стабилизира, што значи дека нестабилното време и понатаму ќе продолжи. Под влијание на висински циклон, утре попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Од недела атмсоферата ќе биде значително понестабилна па така на повеќе места ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на невреме проследено со појава на град, електрични празнења и засилен ветер.
Утре максималните дневни и понатаму ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека за време на викендот, особено во недела и понеделник истите ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука