ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА СЕ ДВИЖИ КОН ДРЖАВАВА – ЌЕ УСЛОВИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ, КАКО И УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

Утре попладне како и во вторник ќе биде значително облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ  и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со град.

Во западните предели, локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог а ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој особено денес и утре ќе условува натпросечно високи температури на воздухот.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека утре од 25 до 31 степен.

Во вторник ќе биде значително посвежо и тоа ќе се почувствува најмногу во северните предели од државава. Тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели на државава истите се очекува да се искачат до околу 30, 31 степен.

Значително освежување на времето ќе имаме од четврток кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука