ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА: ОЧЕКУВАЈТЕ ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

објавено на:

09 Мар 2021

од:

сподели:

Денес и утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег. Утре ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има особено на запад каде локално ќе наврнат над 25 л/м3 воден талог а на планините снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места повремено ќе засилува.

Кон крајот на утрешниот ден ветерот ќе го промени својот правец во северн и Долж Повардарието повремено ќе биде засилен по интензитет, а температурите уште повеќе ќе опаѓаат со што снежната граница има услови понекаде да се спушти и под 1000 метри. Температурите на воздухот денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Потоа од четврток повторно ќе имаме стабилно и суво време без врнежи.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој кон крајот на денов ќе заислува, додека утре попладне и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северн правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 12 степени. Потоа од четврток повторно времето ќе биде стабилно, суво и посончево.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]