ВИСТИНСКА СНЕЖНА ИДИЛА ВЛАДЕЕ ВО АЛПСКИОТ РЕГИОН, ИСТАТА УСЛОВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И КАЈ НАС

Пов влијание на поларен воздух кој како што најавивме се спушта од Атлантикот кон Европскиот Континент, во Алпсикиот регион услови ИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи и вистинска зима

Снег паѓа во голем дел од Алпскиот регион а температурите на воздухот се значително под просекот за овој дел од годината

Особено интензивни снежни врнежи се забележуваат на Италијанските и на Швајцарските алпи каде снежната покривка сначително порасна, локално до крајот на денов снежната покривка се очекува да достигне и над 40 сантиметри.

Со ова полека но сигурно доаѓаме до оние зимски денови кога и снегот нема да недостасува, иако сеуште е рано за зимата, барем за нашите краишта.

Од денес, значително пониски температури и есенско време ќе имаме и во Македонија и тоа под влијание на значително постудениот воздух кој продира од Атлантикот кон нашите краишта.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука