ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО ЗИМА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ И ПОНАТАМУ! ПАД НА ИСТИТЕ ЗА БОЖИЌ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа до среда времето ќе се задржи сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Повеќе облачност ќе има од четврток па натаму кога ќе има услови за повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki