ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: НА СИТЕ ВАС ВЕ ИНТЕРЕСИРА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА

објавено на:

17 Окт 2020

од:

сподели:

За време на овој викенд, за разлика од изминатите денови кога имавме доста нестабилно време со чести врнежи, атмосферата ќе биде значително постабилна. Односно не очекува сончево време со умерена локална облачност.

Само во планинските места не се исклучува можноста за ретка појава на слаб локален дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец и истиот локално повремено ќе засилува, додека во текот на утрешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во текот на утрешниот ден истите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски.

Значително пониски минимални температури ќе имаме од понеделник, но детална анализа околу тоа дали се очекува појава на мраз, или пак на слана следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости