ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Викенд деновите може да ги искористете за прошетка, како и за поаѓање на плажа!

објавено на:

17 Јун 2022

од:

сподели:

За време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните часови не се исклучува можноста за краткотраен локален пороен дожд и грмежи, и тоа особено во планинските предели.

Утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

И во Скопје и околината за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе биде претежно стабилно , суво и сончево со мала локална облачност. Утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 31 степен.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости