ВИКЕНДОВ СЕ ОЧЕКУВА ВЕТРОВИТО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ – НОВИ ВРНЕЖИ УТРЕ ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР

објавено на:

30 Јан 2021

од:

сподели:

Во текот на изминатата ноќ во поголем дел од Македонија имаше врнежи од дожд и тоа под влијание на најавенио нов влажен бран кој не зафати. Во западните предели локално беше и нестабилно со засилен југозападен ветер, пороен дожд и појава на грмежи, на планините врнежите беа од снег а воздушниот притисок за време на овој циклон опадна за околу 10 мерни единици. Во текот на денов воздушниот притисок малку ќе порасне за потоа повторно значително да се намали и тоа поради наидување на нова циклонска активност  и нов влажен бран.

Во текот на денов ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периодим особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Утре на повеќе места ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладнето и вечерта од запад ќе започнат нови врнежи од дожд а на повисоките планини од снег. Локално повторно ќе има услови за нестабилност проследена со засилен ветер и услови за ретка појава на грмежи.

Денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели од државава, додека утре истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Услови за повремен локален дожд но со послаб интензитет ќе има и на самиот почеток од следната недела, додека во вторник ќе биде променливо облачно но релативно суво. Стабилизирање и затоплување на времето се очекува од среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости