ВАЖНИ СОВЕТИ И ТОА ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ГОРЕШТИНИ И ЕКСТРЕМНО ВИСОКИОТ УВ – ИНДЕКС!

објавено на:

27 Јун 2022

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]