До крајот на денопв времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во вечерните, како и во раните ноќни часови од север над нашата територија ќе помине една брза влажна воздушна маса која ќе услови локални врнежи од дожд на ниските места и снег на планините. Услови за послаби врнежи од дожд вечерва ќе има и во Скопје и околината, додека максималната дневна температура денеска во Скопје ќе се искачи до околу 11 степени.
Потоа утре ќе се заджри сончево време, но со појава на умерена облачност, додека од понеделник времето ќе биде претежно сончево и се потопло. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава намагла и на ниска облачност.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука