БИДЕТЕ ПРЕТПАЗЛИВИ: Студениот фронт продира во Македонија: До крајот на денов и вечерва ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и СПАРНО. Сепак Атмосферата полека се се дестабилизира и локално и тоа особено во западните и северните предели има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното попладне

До крајот на денов  и вечерва и тоа поради продор на студен фронт од север, во Македонија времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на силен ветер, избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

И во Скопската котлина до крајот на денов и вечерва ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.

Утре и во четврток температурите ќе опаднат за 5 до 6 степени во споредба со оние кои ги имаме сега, додека од петок па за време на викендот следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во Македонија.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki