БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: ОД УТРЕ ПОПЛАДНЕ, ПА ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА НЕВРЕМЕ ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА

До крајот на денов во нашата држава останува стабилно, суво и топло време со максималните температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Потоа почнувајќи од утре попладне, па во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови поројни врнежи од дожд и појава на грмежи.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 29 степени.

И во Скопскиот регион од утре попладне, а особено во текот на следната недела Атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени..

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на НЕВРЕМЕ  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука