Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облчаност и со слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено на некои места ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет, особено денес попладне и тоа Долж Повардарието.
Исто така денес попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, што значи има услови за краткотрајна и локална нестабилност.
Да напоменеме дека температурите се значително над просекот за овој дел од годината, односно истите се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.
- До крајот на оваа седмица поради транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија, и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост, а времето ќе биде мачно и спарно.
- Граѓаните се замолуваат да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, особено оние хронично болни лица, како и оние постарите и изнемоштените.
Спред сегашните анализи, топлотниот бран ќе се задржи и во првите денови од следната седмица.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука