БЕЗ ГРИЖИ ЗА СИТЕ ВИЕ КОЈ ДО СЕГА НЕ СТЕ ГО ИСКОРИСТИЛЕ ВАШИОТ ГОДИШЕН ОДМОР – ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ДОПРВА ЌЕ ВИ ГО ОВОЗМОЖАТ ТОА

По влажниот Медитерански бран кој ќе помине утре и во понеделник над нашата територија и кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, на некои места и поројни проследени со грмежи, како и со засилување на ветерот, и тоа особено во јужните предели а додека во северната половина, истите понекаде и ќе изостанат, од вторник па натаму следува период на стабилно, суво и СЕПТЕМВРИСКО ЛЕТНО време.

Времето ќе биде сончево со умерена, а повремено и локално и позначителна облачност. Сепак поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ температурите на воздухот ќе бидат во пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.  Исто така во следните денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на некои места.

Одсега гледано, уште потопло време ќе имаме од следниот викенд кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

Да напоменеме дека ако вака останат работите, ќе уживаме во подолг период на стабилно, суво и топло септемвриско време, па токму поради ова сите граѓани кои до сега не го искористиле својот годишен одмор, тоа ќе можат да го направат од вторник па натаму.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki