БАЛКАНОТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕН ОД СТУДЕН БРАН КОЈ ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ПРВИОТ СЕРИОЗЕН СНЕГ

Планинските места од Балканот, односно од Словенија, Хрватска и Босна во текот на следната недела ќе бидат покриени со првиот сериозен снег за оваа сезона. Токму ова поради влијанието на студениот воздух од север кој ќе се спушти на Балканскиот Полуостров и ќе услови невообичаено ниски температури на воздухот.

Студениот бран ќе започне да го зафаќа Балканот уште од недела попладне и навечер а најитензивни снежни врнежи на планинските места во регионот се очекува во вторник.

Со оваа промена во најголем дел од Балканот ќе започне и грејната сезона која официјално започнува на 15ти октомври

Промената на времето ќе се почувствува и кај нас но детални информации околу ова следуваат понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука