БАБА МАРТА – ОЧЕКУВАЈТЕ ПОЧЕСТИ ПРОДОРИ НА СТУДЕНИ ВОЗДУШНИ МАСИ ОД СЕВЕР, НО И ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ!
Според последните анализи со кој располагаме, Баба Марта оваа година ќе биде и тоа како со триста ума. Ќе ни донесе од се по нешто ( и дожд, и студ, и снег, и сонце но и топлина).
Последно направените анализи укажуваат на тоа дека првата половина од Март месец ќе биде постудена и релативно со просечни врнежи (се очекува и дожд и снег), додека втората половина ќе биде нешто потопла, и истата ќе не потсеќа дека доаѓа пролетта.
Инаку во првата половина од март почесто ќе паѓа снег и на некои од пониските места, а можно е да се формира и нова снежна покривка, додека на повисоките и планинските места истата ќе се зголемува. Температурите би биле потпросечни за првата половина од Март месец и би се искачувале во интервалот само од 1 до 8 степени, особено за време на викендот кој доаѓа.
Минималните пак ќе се спуштаат под нулата на повеќе места, понекаде истите се очекува да се спуштат дури и до -10 степени, што е доста ниска температура за Март месец.
Веќе од цтората половина на Март месец, па натаму барем според сегашните анализи ќе биде се потопло и полека но сигурно пролетта ќе почне да ни чука на врата.
Напомена: Со оглед на тоа дека се работи за долцорочна анализа на времето за цел месец, ПРОМЕНИ ВО ИСТАТА ЌЕ ИМА. Какви промени ќе има понатаму останува да видиме, и секако мора да се каже дека долгорочните прогнози служат за ориентација за тоа како би се одвивала временската состојба понатаму.
Студена прва половина од Март ќе има и цела југоисточна, како и источна Европа, додека потоа и во овие предели од Европскиот Континент ќе затоплува, но тоа не значи дека нема да продре некој постуден воздух од север. Состојбата КОНТИНУИРАНО ќе се следи и навремено ќе информираме за секоја ново – настаната временска состојба.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]