Африканскиот бран станува се поизразен – детална анализа на времето за следните денови

До крајот на денов, особено во западните предели ќе има локален развој на нестабилна облачност проследенса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината попладне и во вечерните часови ќе има услови за поретка појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 34 степени.

Потоа од утре ќе имаме постабилна атмосфера, односно времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Смо во планинските места во попладневните часови не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи. Во вторник, особено Долж Повардарието ќе биде умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот поради понатамошниот продор на топол возду од северните предели на Африка ќе бележат тенденција на постат, истите на почетокот од новата недела која што ни претстои ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Ваквото време можат максимално да го искористат лубителите на плажите, кој конечно после долго очекување си дојдоја на своето.

Следете го официјалниот фјебсук профил на Славчо Попоски тука