АНТИЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: СЛЕДУВААТ ПРЕКРАСНИ СОНЧЕВИ ДЕНОВИ
Нашата територија во текот на следните денови ќе биде под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок) и на стабилна и сува воздушна маса, која ќе условува стабилно, суво и сончево време без врнежи. Ќе има и мала локална облачност.
Утре ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека потоа ќе биде релативно тивко со услови за појава на магла по одделни котлини во утринските и претпладневните часови.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19, 20 степени, што значи ќе бидат над просекот за овој дел од годината.
Според моменталните анализи со кој ние располагаме, претежно стабилното и суво време ќе се задржи до средината на овој месец.
За нови,детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Топлата воздушна маса која условува Мини Лето во Македонија продолжи и во текот на денешниот ден. Најтопло до 17 часот попладнево беше во Гевгелија каде се измерени 28 степени. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.