АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ПРЕКРАСНО СОНЧЕВО ВРЕМЕ И НАДПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ
Денес времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец, максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
Потоа и во следните денови времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, додека температурите нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]