Новата недела која што ни започнува од утре ќе донесе стабилно, суво и сончево време и тоа поради влијанието на Антициклонот кој ќе зафаќа поголем дел од Европскиот Континент.
Во исто време, од југ ќе продира топол воздух кој ќе услови високи пролетни температури на воздухот, истите ќе бидат повисоки од просечните дури за повеќе од 10 степени, односно ќе биде натпросечно топло што ќе услови за забрзано топење на снежната покривка на планините и на повисоките места.
Во текот на следниот период ќе биде претежно тивко, или повремено со слаб ветер од северен правец. Токму поради ова по одделни котлини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Минималните температури само понекаде ќе се спуштаат не многу под нулата, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, додека преку ден ќе биде претежно сончево. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.
НАПОМЕНА: Во текот на следниот период поради забрзаното топење на снежната покривка на планините и на повисоките места, можно е ново покачување на нивоата на реките и езерата во Македонија. Поради ваквата состојба засега нема опасност за ислевање на истите.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука