АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД СЕ СЛУЧУВАА ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ ПОЈАВИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Изминатиот период во Македонија се случуваа ЕКСТРЕМНИ ВРЕМЕНСКИ ПОЈАВИ. Повеќе места низ државава беа погодени од СИЛНО НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВИ.

Оваа година исто така, освен непогодите, регистрирани се дури две појави на торнадо. Едно е регистрирано над Охридското езеро и истото успеа да преврте дури и чамец, другото торнадо е регистрирано над Неготино и тоа неодамна и истото направи хаос во градот.

Исто така пред само неколку денови во Пелагонија е регистриран и метео рекорд. Станува збор за удар на ветер со брзина од дури 150 км/час.

Најпогодени од невремето периодов се Тетово, Кавадарци и Неготино, а невреме имаше и во другите градови низ Македонија.

Ваквите метеоролошки појави се поради климатските промени кој се се поизразени. Во иднина временските непогоди кај нас ќе стануваат се почести и посилни. Затоа граѓаните, како и надлежните треба да се подготват на тоа.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki