АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – МОЖНА ПОЈАВА НА НЕВРЕМЕ
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови атмосферските процеси да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
И во Скопскиот регион ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.
И утре времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Особено во западните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Максималните температури ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 28 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги држат подалеку од дрвјата, со цел да не дојде до непосакувана штета.
Потоа во петок, па за време на викендот ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Локално сепак не се исклучува можноста за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Во Скопје и околината од петок, па за време на викендот ќе имаме претежно стабилно и суво време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 32 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]