АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО 80 КМ/ЧАС, ДОЖД И МНОГУ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВ СТУД

објавено на:

22 Јан 2021

од:

сподели:

Како што и најавивме нашата територија за време на викендот како и на почетокот од следната недела ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност која ќе услови променливо и врнежливо време. Локално и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2) На планините и тоа особено во западните  и северозападните предели ќе има ИНТЕНЗИВНИ снни врнежи каде снежната покривка ќе се зголеми за околу 40 до 50 сантиметри. Повремено врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 1000 метри.

Ќе дува умерен до засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер и тоа за време на викендот од јужен, а во понеделник од западен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина до околу 80 км/час. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во понеделник температурите сеуште ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели, меѓутоа полека од север ќе се спушта студен воздух па така кон крајот на денот и во текот на ноќта кон втоник ќе врне дожд а на повисоките места и на планините ќе врне снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Исто така во текот на ноќта кон вторник веќе услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.

Во вторник ветерот ќе биде од северен правец и ќе има врнежи од снег на повеќе места. Максималните дневни температури во вторник ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите предели од државава, додека кон крајот на денот и навечер на повеќе места ќе паѓаат под нулата и ќе има појава на голомразица.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости