АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

До крајот на денов, како и утре претпладне сеуште времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека утре попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд. Локален дожд ќе има и во текот на ноќта кон недела. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела времето ќе биде променливо облачно со повремен локален пороен дожд. Локално ќе биде и нестабилно и врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи како и со засилување на ветерот. Температурите ќе бидат нешто пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во недела исто така ќе има услови и за ретка појава на град, а локално ќе наврне и ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

Услови за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи ќе има и во почетокот од следната недела.

И во Скопскиот регион денес и утре ќе биде претежно стабилно и суво, додека во недела ќе има услови за повремен дожд, проследен со локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот, додека потоа ќе биде постабилно и релативно суво, иако локално ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki