Во текот на претстојната ноќ како и во текот на утрешниот ден ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Времето ќе биде променливо облачно и претежно суво, утре со сончеви периоди особено во западните предели од државава. Само локално ќе има услови за многу слаб дожд и снег на планините. До крајот на денов максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека утре ќе бидат пониски за неколку степени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Во текот на следните утра ќе биде нешто постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Од вторник ќе биде значително потивко што ќе дојде до создавање на услови за појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука