АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ПОЈАВА НА КРАТКОТРАЈНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

објавено на:

10 Авг 2021

од:

сподели:

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на утрешниот ден, особено во попладневните часови се очекува зголемена облачност. Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а услови за локална нестабилност понекаде ќе има уште во претпладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, појава на град и силни електрични празнења, па затоа во ваква ситуација на граѓните ги ПРЕДУПРЕДУВАМЕ да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

Максималните температури утре ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од денес и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град ќе има и во делови од Скопската котлина, каде утре температурата ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа од четврток повторно следува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.  Температурите од четврток КОНЕЧНО ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости