АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ СЛЕДУВААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ – СНЕЖНАТА ПОКРИВКА НА ПЛАНИНИТЕ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ

Почнувајќи од денес особено попладне и во текот на ноќта и тоа претежно во западните предели ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и истите во следните денови ќе се прошират и во останатите предели. На планините врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми.

Локално и тоа особено во западните предели се очекува да наврне ГОЛЕМО количество на воден талог и тоа во следниот период ( локално и над 50 – 60 л/м2 воден талог). Токму поради ова има услови за зголемување на нивоата на реките и на езерата. Повремено ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец.

Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Слично време се очекува и во Скопскиот регион, што значи дека ќе има повремени врнежи од дожд кој повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука