АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОВОЈ ВИКЕНД НОВО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ, НАЈНОВИ ДЕТАЛИ
За време на овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од нова влажна и нестабилна воздушна маса, која особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, особено утре процесите ќе бидат пПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд (над 10 л/м2 за кратко време), силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи и на почетокот од следната недела.
Максималните температури, утре ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, додека мал пад ќе бележат во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија помина во знакот на стабилно, суво, сончево и релативно свежо време. Во утринските часови по котлините имаше појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот се расчисти. На табелата можете да ги погледнете денешните максимални температури во Македонија, измерени попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Можеме да [...]