АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ИНДЕКСОТ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ РАСТЕ – МОЖНО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ ПОНАТАМУ И ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Со големото затоплување кое е присутно кај нас и кое е предизвикано од продорот на значително потоплата воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашата територија, расте и индексот за нестабилност. Што значи атмосферата полека но сигурно се загрева и понатаму нема да биде во целост стабилна, што значи дека кон крајот на денов и во вечерните и ноќните часови, како и во следните денови ќе растат условите за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималните температури речиси насекаде ќе бидат над 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Северен ветер и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе започне да дува во четврток кога и температурите ќе бележат тенденција на пад.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.