АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Денес во текот на попладневните часови како и во текот на ноќта на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, па затоа ВНИМАНИЕ. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Потоа и утре ќе се задржи променливо облачно време, локално особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и во понеделник, иако атмосферата ќе биде релативно стабилна.
Целосно стабилизирање на времето ќе имаме од вторник кога ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса која ќе услови МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот, истите на средината од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.