АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Доаѓа нестабилна и влажна воздушна маса и ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ноќеска и утре

објавено на:

22 Јун 2020

од:

сподели:

Попладнево локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури ќе се искачуваат  во интервалот од 22 до 30 степени.

Во текот на претстојната ноќ од северозапад и запад ќе навлезе нов бран на врнежи и во текот на утрешниот ден истиот ќе се прошири во поголем дел од државава. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења  и услови за појава на град.

Локално ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 25 л/м2) па така и суштата ќе биде во ублажување. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Инаку нашите соседи, од денес се во портоккалова и во црвена предупредувачка фаза поради очекуваните интензивни врнежи од дожд кој може да условат зголемување на нивоата на реките и нивно излевање, како и локални поплавувања, особено во Босна и во западните предели на Србија.

Како што напоменавме погоње, локално невреме проследено со поинтензивни врнежи, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град е можно и во Македонија во текот на претстојната ноќ а особено утре. Под влијание пак на топла воздушна маса од југ, пораст на температурите на воздухот се очекува од четврток па натаму, но околу ова детална анализа понатаму.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости