Попладнево, особено во западните и северозападните предели веќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Особено нестабилно ќе биде во текот на утрешниот ден. Ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните да бидат крајно претпазливи во случај на силен ветер кој се јавува во зоната на нестабилност.
Веќе од среда повторно ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст.
За нови, и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука