АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ДОАЃА ОПАСЕН ТОПЛОТЕН БРАН – ИМА ОПАСНОСТ И ОД ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ!

До крајот на денов, особено во источните и во североисточните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре пак попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Токму поради ова, односно во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Потоа во текот на следните денови под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) ќе имаме ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени, особено од средината на новата недела која што ни започнува од утре. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

УВ ИНДЕКОСТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11, затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ доколку излегувате, односно со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесете заштитна опрема (капа и наочари за сонце).

НАПОМЕНА: Според сегашните анализи со кој располагаме топлотниот бран кој полека ќе ја зафаќа нашата држава уште од утре ќе биде ДОЛГОТРАЕН, односно ќе трае во текот на целата недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука