АКТУЕЛНА НАЈАВA ЗА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР – ЛОКАЛНО МОЖНО НЕВРЕМЕ

објавено на:

12 Мај 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе биде нестанбилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа утре и во петок повторно во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, додека нешто ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и услови за локална појава на грмежи и тоа под влијание на влажен воздушен бран се очекуваат за време на викендот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]