АКТУЕЛНА НАЈАВА: ЦИКЛОН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА – ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД, ГРМЕЖИ И ВЕТЕР

Стабилното време со пролетно високи температури на воздухот ќе се задржи и утре, додека во петок ќе има зголемување на облачноста кога ќе има услови за попладневна локална нестабилност проследена со краткотраен  пороен дожд и грмежи. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

За време на викендот и на самиот почеток од следната недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд на повеќе места. Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Особено во сабота ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Особено во недела и тоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник на планините, особено во западните предели ќе има услови за врнежи од снег.

Температурите на воздухот во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека во недела истите ќе бележат тенденција на пад, особено во северната половина од државава и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. На крајниот југоисток истите се очекува да се искачат до околу 17, 18 степени.

За време на оваа циклонска активност локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука