АКТУЕЛНА НАЈАВА: ЦИКЛОН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО ВТОРНИК

објавено на:

29 Окт 2021

од:

сподели:

За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со услови за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните долини, и тоа во утринските и претпладневните часови. Наутро ќе биде студено со температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.

Потоа во понеделник кон крајот на денов облачноста од запад ќе се зголемува и ќе подпаѓаме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над северен Јадран. Во текот на ноќта кон вторник од запад ќе започнат врнежи од дожд, кој во вторник ќе се прошират речиси насекаде и особено на запад ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.

Ќе дува слаб до умерен, а во вторник до ЗАСИЛЕН ветер од југоисточен правец.  Температурите поради јужното воздушно струење, и поркај оваа промена на времето ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.

И во Скопскиот регион до понеделник времето ќе биде сончево и стабилно со температури кој ќе се искачат до околу 17 степени. Сепак наутро ќе биде студено и ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени. Промена на времето и во Скопје и околината ќе има во вторник кога ќе има врнежи од дожд, а врнежите ќе бидат проследено и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.