До крајот на денов ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека утре попладне и навечер и тоа особено во јужната половина од државава ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во сабота на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на НЕВРЕМЕ, со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Веќе од недела ќе имаме стабилизирање на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени, додека од недела истите ќе бидат за неколку степени повисоки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре попладне и навечер, како и во сабота во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на силен ветер своите автомобили да не ги паркираат во близина на дрвјата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki