АКТУЕЛНА НАЈАВА: ОД ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА И ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

објавено на:

26 Мај 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град се очекува и утре особено попладне, додека од петок условите за нестабилност ќе бидат помали. Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека особено во петок ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.