Полека но сигурно се приближуваме кон најавената нова промена на временската состојба кај нас. Полека од утре облачноста ќе се зголемува а во исто време ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец. Утре навечер и во текот на ноќта кон понеделник во западните предели ќе започнат повремени врнежи од дожд, додека на планинските места со надморска височина од над 2000 метри ќе има врнежи од снег.
Врнежите во понеделник ќе се прошират во поголем дел од државава кога ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец (над 70 км/час).
Повремени врнежи од дожд ќе има и во вторник, особено попладне и навечер. На највисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег. За време на оваа циклонска активност локално, особено во западните предели се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).
Температурите на воздухот и во првите денови од следната недела ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука