Затоплувањето и порастот на температурите на воздухот од среда може повторно да ги зголемат условите за пораст на нивоата на реките и езерата низ Македонија. Условите пак за излегвање на некои од реките барем засега не се многу големи, но секако дека постојат и тоа поради очекуваните нови врнежи од дожд од четврток во текот на денот.
Инаку од среда како што најавивме ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење кое ќе услови пораст на температурите на воздухот, додека во западните предели ќе започнат послаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Истите за време на викедот ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат.
Од петок и ветерот од јужен правец повремено ќе биде засилен по интензитет а температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Значителен пораст ќе бележат и минималните најниски температури на воздухот кој ќе бидат во поголем дел од Македонија над нулата, особено од петок.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука