ВИСТИНСКИ СТУД ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДО БЛИЗУ -10 СТЕПЕНИ! ДЕТАЛИ И ОКОЛУ ОЧЕКУВАНИОТ СНЕГ…

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка и тоа на планините. На повисоките места пак ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 цм.

Врнежи од снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во западните предели каде локално се очекува формирање на снежна покривка до 5 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, додека температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели.

Потоа провејување на снег ќе има и во понеделник рано наутро, додека потоа до вторник следува период на стабилно и суво време со МНОГУ НИСКИ утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен.

Нов влажен бран очекуваме од среда, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Во Скопскиот регион снег се очекува само на околните планини и локално во повисоките предели од котлината.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!