Во текот на новата седмица, поточно од утре па во деновите потоа нашата територија ќе се наоѓа под влијание на ИЗРАЗЕНО ЈУЖНО воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и повремени врнежи од дожд. Истите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
На планините над 1700 м.н.в ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели.
Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и максималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени.
Да напоменеме дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!