СПРЕМЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА: УТРЕ НАУТРО ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ -10 СТЕПЕНИ! НОВ ВЛАЖЕН БРАН ОД СРЕДА!

Денес и утре ќе има преодно стабилизирање на времето, иако денес претпладне сеуште ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Минималните температури особено утре ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно стабилно и суво, но и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО. Наутро температурата особено утре ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималнатите температури овие денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени.

Под влијание на нов влажен воздушен бран во среда и четврток ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, додека на планините над 1500 м.н.в ќе има врнежи од снег и тоа особено во западните предели.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!