СЛЕДУВААТ ДВА НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛИ ДЕНОВИ СО ЗАСИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР – ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ!

Денес и утре и тоа поради силното јужно воздушно струење ќе имаме НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Исто така денес  ќе има преодно стабилизирање на времето и повеќе сончеви периоди, додека во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре се очекуваат нови повремени локални врнежи од дожд.

Потоа од недела па натаму температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат а ќе дува и северен ветер, но ќе биде претежно стабилно и суво. Детална анализа колу ова следува наскоро.

Во Скопје исто така ќе биде  НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината, но и ветровито а услови за повремен локален дожд ќе има утре. Температурата овие денови ќе се искачува до дури 15 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!