СЛЕДУВА МНОГУ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

До среда времето во Македонија ќе биде стабилно и суво со магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Маглата ќе биде НАЈИЗРАЗЕНА особено во ноќните и во утринските часови, додека во текот на денот истата ќе се намалува и ќе има повеќе сончеви периоди. Сепак локално ќе има и нешто повеќе облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.

Сепак од средината на неделата минималните температури ќе бидат насекаде над нулата.

Во Скопје времето ќе биде стабилно и суво со повеќе сончеви периоди. Во ноќните и утринските часови ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Минималните утрински температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени.

Нови повремени локални врнежи од дожд се очекуваат од четврток.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!