ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ГОЛЕМ МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – МОЖНИ СЕ ПОПЛАВУВАЊА!

Во следните часови и во текот на претстојната ноќ територијата на Македонија ќе биде под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран од Медитеранот. Насекаде ќе се прошират врнежи од дожд и истите на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ПОРОЈНИ.

Локално ќе биде и нестабилно со ИНТЕНЗИВЕН ПОРОЕН дожд (над 30 л/м2), грмежи и СИЛЕН ветер (над 65 км/час) и од јужен правец. Поради ваквата состојба, можна е и појава на НЕВРЕМЕ кое може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА, па токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! 

На највисоките планински врвови и тоа особено на северозапад ќе има услови за врнежи од СНЕГ.

Променливото време ќе се задржи и во следните неколку денови кога се очекуваат и нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и СИЛЕН јужен ветер. Снег ќе врне само на највисоките планински места. Температурите ќе бидат нешто пониски во периодот кој што следува и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!