НЕКА Е АИРЛИЈА: ДОАЃА ПРВИОТ СНЕГ ЗА ОВАА СЕЗОНА И ВО ГРАДОВИТЕ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ОКОЛУ СНЕЖНИОТ БРАН…

До сабота времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено денес и тоа Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ќе има услови и за слаб локален дожд а на планините над 1500 м.н.в ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Наутро ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО за разлика од утрата кои ги имавме досега, односно минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен и тоа особено во сабота кога очекуваме утрото да биде НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Скопје исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе дува и повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени а наутро истата се очекува да се спушти и за некој степен под нулата.

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, во недела и во понеделник ќе има нови врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне СНЕГ каде ќе дојде до формирање, а таму каде што веќе ја има и до зголемување на снежната покривка (за над 15 цм). Снежната граница и тоа особено во западните и во северните предели ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што врнежи од снег ќе има и во некои од населените места (градовите). Токму овде локално се очекува формирање на снежна покривка и до 10 цм.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и во недела и понеделник максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Конечно градовите ќе ја добијат првата снежна покривка, и тоа оние во северните и во западните предели од државава. НЕКА Е АИРЛИЈА!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!